Охридскиот регион преставен на академијата на УНЕСКО
На Академијата за одржлив развој во УНЕСКО подрачја , што се одржува во Торино, Италија, во кампот на ОН , беше преставен Охридскиот регион со две презентации за планот за управување со културното и природното наследство и за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид / Преспа.
„Подиум на млади“ го навестува почетокот на „Охридско лето
Во рамките на „Охридско лето“, денеска и утре ќе се одржува „Подиумот на млади“ како предвесник на 61. фестивалско издание.
Македонската полиција наградена за успешно сузбивање компјутерски криминал
Македонската полиција доби награда за најуспешно реализирана акција за сузбивање компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија заедно со нивните колеги од Србија се добитници на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај.
Депонијата Мауцкер може да се користи само со дозвола
Депонијата Мауцкер може да се користи само со дозвола. Граѓаните може да фрлаат градежен шут само една приколка, но со претходна најава и дозвола од претпријатието. Големите количини шут од градежен материјал пак се одлагаат исклучиво на депонијата Буково. Од Комуналец нема најави или планови дали наскоро градежниот шут ќе се преработува и претвора во корисен материјал.
Слаб интерес кај медицинските сестри за вработување во ПЗУ
Во Македонија недостига медицински персонал. Таков е впечатокот на сопствениците од дел на приватните медицински установи од Охрид, кои забележуваат дека од 40 пријавени медицински сестри во Агенцијата за вработување, едвај 5 од нив се јавуваат на интрвју за работа. Од Здружението на медицински сестри со став, невработените медицински сестри претендираат работа во државните медицински установи поради повисока плата.
Вредноста на златото во нагорна линија
Цената на златото на светските берзи во пораст
Започна втората фаза од изградбата на пешачката патека од мостот до Горица1
Продолжуваат градежните зафати на пешачката патека од мостот до Горица1. Во тек е реализацијата на втората фаза. Охриѓани и туристите ќе можат да уживаат во новоизградената пешачко-велосипедска патека кон крајот на ноември.
Ќе се возобновува култот на Свети Константин Кавасила- Архиепиоскоп Охридски
Култот на Свети Константин Кавасила- Архиепиоскоп Охридски, повторно ќе биде подигнат. Св. Константин Кавасила е најдостојниот продолжувач на делото на Св. Климент па затоа во иконографијата е ставен до неговиот портрет. На 31.октомври во катедралната црква „Света Софија“ќе се чествува неговото дело.