Skip to main content
Мар 22, 2016

„Гастромак“ ги собра гастрономите од Македонија на едно место. Од неодамна се формира оваа асоцијација преку која гастрономите многу полесно ќе ги решаваат проблемите, но ќе имаат и можност да посетуваат разни курсеви, семинари и да разменуваат искуства од областа на кулинарството со нивните колеги од странство. Посебен акцент е ставен на гастрономите од Охрид како најголем туристички центар во Македонија.


Мар 22, 2016

Локалната самоуправа вложи 16 милиони денари за уредување на населбите Воска и Даљан. За прв пат изграден е нов систем за собирање и одведување на атмосферски води со колектор и испусна градба. Како што пренесе првиот човек на градот Никола Бакрачески, со тоа е решен деценискиот проблем, а исто така се асфалтираа улици, а се уреди и тротоарската површина.


Фев 18, 2013

Со вчерашната изведба на претставата „Сонот на Цепенко” во режија на Кирил Петрески, прилепскиот театар при ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 63 години од формирањето.


Мар 21, 2016

Шарени чорапи денес облекоа жените од Лајонс клубот „Деница“ за да го одбележат светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Нивната порака е сите барем за миг  да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за овие лица.


Апр 21, 2011

Советниците на Струга ја одржаа 26 тата седница. На оваа седница пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ,  Момчило  Аврамоски, јавно кажа каде лежи вината за се почестите катастрофи – во програмата за поставување на урбана опрема.


Мар 21, 2016

Канаѓанката Маргарет Етвуд годинешен лауреат на Златниот венец на СВП.


Окт 30, 2021

На 29.10.2021 година околу 13 часот, во ОВР Струга од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица”, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт.


Мар 21, 2016

Локалната самоуправа нема слух за развој на училишниот спорт, тврди советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски. Тој вели дека потребни се многу малку пари за да се направат училишни лиги, но општината во текот на оваа година нема префрлено ниту денар за таа намена. Од локалната велат дека средства од буџетот за 2016та за оваа намена се издвоени и дека тие во секој момент можат да бидат префрлени на  училиштата.