Skip to main content

Авг 15, 2015

Моето творештво на овие височини, на овој божествен предел меѓу две неба, е недоискажана. За неа треба сеуште да се пишува, твори и импресиите да се споделат со со публиката на манифестацијата „Поетска ноќ во Велество“ . Овие зборови синоќа ги кажа лауреатот Веле Смилески, на кого беше посветено годинешново издание на манифестацијата.


Ное 29, 2011

Седум години затвор за лидерот на Обединети за Македонија и поранешeн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски пресуди кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Бошкоски е прогласен виновен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба.


Авг 14, 2015

Се прават последните подготовки за почнување на новата учебна година. Основните училишта во градов интензивно работат на подобрување на условите за одвивање настава. Средствата од буџетот на општината делумно ги задоволиле потребите за санација на училиштата, а делумно зафатите се направиле од спонзорства.


Ное 2, 2010

Партиските вработувања бодат очи и во Струга. Денес на оваа тема се огласи и струшкиот огранок на СДСМ. Проговорија директно засегнати луѓе од оваа проблематика.


Авг 14, 2015

Сликарот од Канада, Мајкл Клосе личната архива ја предаде на охридскиот архив.


Јул 2, 2021

Во Центарот за социјална работа дневно пристигнуваат најмалку по две пријави за насилство. Насилството има  во браковите  и со подолг  и со пократок брачен стаж. Социјалните работници велат дека овој социјален феномен се должи на намалената толеранција предизивикана од пандемијата. 


Авг 14, 2015

Управување со гробните површини во селата во  општина Дебрца е нова дејност која ќе се воведува во рамки на ЈП за комунални дејности Градоначалникот  Игор Трајкоски ја прибира потребната документација. Досега немале законска можност за тоа, но со иземените на Законот за гробишта и погребални услуги, им се нуди таква можност.


Авг 13, 2015

Неисправни ПП апарати, уништени хидранти, нефункционални панични светла, натрупани ходници претворени во остави, немање пожарен куќен ред и упатства за евакуација на граѓаните кои живеат во зградата, се само дел од проблемите поради кои затајува заштитата од пожари во станбените згради. Состојбата на терен и со одржувањето на противпожарната опрема и со одговорноста и улогата на управителите и заедниците на станари е поразителна, велат надлежните.