Дек 4, 2024
Советот на Општина Охрид го усвои нацрт буџетот за 2025-та
Советниците дадоа зелено светло за Нацрт општинските програми за 2025 година, развојните програми како и Предлог-одлуката за усвојување на Нацрт буџетот на општина Охрид за 2025 година. Првичната проекција на средства во буџетот за наредната година е околу 19 милиони евра. Опозицијата со забелешки дека за некои капитални проекти се предвидени премали износи, а дел се преместени во развојните програми.
Дек 4, 2024
општина охрид
Јавен увид за донесените нацрт документи за поднесување предлози и забелешки по нацрт докуемнтите
Советот на општина Охрид на седницата одржана на 04.12.2024 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2025 година.
Дек 4, 2024
свр охрид
Пожар во патничко возило „мерцедес” паркирано на брегот на Охридското езеро
Повредени лица нема, а увид на местото, по наредба на јавен обвинител, извршија полициски екипи.
Дек 4, 2024
ОСУ “Св. Климент Охридски“
ОСУ “Св. Климент Охридски” ќе го одбележи својот Патронен празник
ОСУ “Св. Климент Охридски” , по повод Патрониот празник на гимназијата ќе одржи Свечена академија.
Дек 4, 2024
ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид
Одличен успех на гимназијалците на UltiMATH натпреварот
Минатиов викенд во Скопје се одржа првиот UltiMATH натпревар по математика организиран од Brainster Next факултет.
Дек 4, 2024
општина дебрца
Се монтира централно топловодно греење во училишната зграда во село Оровник
Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село Мешеишта и село Требеништа.
Дек 4, 2024
општина дебрца
Посета на општина Дебрца од страна на учесниците во проектот Fast Forward – младинска размена од Еразмус проект
Учесниците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот центар на Белчишкото блато.
Дек 4, 2024
општина охрид
Проф.д-р Павле Митрески е добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“
Проф.д-р Павле Митрески е годинешен добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година. Стручната комисија за доделување општински награди и признанија во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите, проф.д-рТатјана Димоска, Славе Ѓорѓо Димоски, Горан Стојаноски и Горан Патчев, одлуката ја донесоа едногласно и го доставија предлогот до градоначалникот Кирил Пецаков.