Дури и да се избере изработувач, во 2015та најверојатно Охрид нема да добие сообраќајна студија
Според експертите, за квалитетно и сериозно изработена студија, потребно е барем една година на истражување на сообраќајот во карактеристичните периоди на врвно сообраќајно оптоварување.
Денис Тот го напушти ГРК Охрид
Хрватскиот интернационалец Денис Тот го напушти ГРК Охрид. По две сезони во Охрид, тој одлучи да ја промени средината и потпиша договор со РК Бутел.
Падот на цената на нафтата нема да ги намали цените на охридските превозници
Доколку подолго време се задржи цената на нафтата на сегашното ниво или продолжи да паѓа ќе има корекција на цените во меѓуградскиот превоз во АД „Галеб“. Засега тоа е невозможно, бидејќи овој превозник своевремено кога нафтата направила најголем ценовен скок, тие не ги зголемиле цените за разлика од другите превозници, информираат од ова претпријатие.
Фатена криминалната група која ги ограби златарите во Охрид, Струга и Дебар
Полициски експертски тимови од Албанија и Македонија во Охрид ги разгледуваат можностите за интензивирање на соработката во идентификувањето и справувањето со организираниот криминал. Директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков и директорот на полицијата на Република Албанија, Артан Диди, едногласни дека досегашната соработка на двете полиции покажала резултати. Како потврда на тоа беше посочено откривањето на криминалната група што изврши серија грабежи во златарници во струшко-дебарскиот регион.
Исламистите се уфрлуваат во туристички обиколки?
Алармот за узбуна и во Лондон
Трибина на СДСМ: „Заедно, од проблемите до решенијата“
Под ова мото вечерва во преполната сала на Центарот за култура Григор Прличев највисокото партиско раководство на СДСМ одржа трибина.
Населбата „Гоце Делчев“ денес без вода
Од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод, информираа дека денес во периодот од 8:30 до 14 часот ќе има прекин на водоснабдувањето на сите улици во населбата „Гоце Делчев“.
Цунами ќе ја уништи Македонија на 30-ти март?!
Неверојатно голем цунами бран, кој ќе следи по земјотресот од 7,3 степени според Рихтеровата скала ќе ги „зафати“ Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово. Сето ова ќе се случи на 30-ти март во рамките на виртуелната интернет вежба на Центарот за истражување на универзитетот во Сад Диего.