Студена чекaлна на охридска радиологија
Граѓаните се жалат дека сред зима во постарите објекти во комплексот на охридската општа болница нема греење. На одделението за радиологија, трансфузиологија и лабораторија чекалните се студени, реагираат пациентите. Од раководството на болницата велат дека проблемот постои, но тоа се постари објекти со огромни чекални кои не можат доволно да се затоплат. Проблемот ќе се решава со помош на ресорното министерство но по редослед на приоритети.
Намален интересот за училишното осигурување
Интересот за лично осигурување на учениците од година во година се намалува. Директорите на основните, средните а посебно стручните училишта сметаат дека тоа е пожелно за секој ученик. Сумата кој се плаќа е минимална а децата се осигурани 24 од повреди кои можат да се случат и на училиште и надвор од него.
Триесет пријавени случаи на мобинг, а само една тужба
Земјоделците да се пријават за паушално оданочување со персонален данок
Истекува рокот за поднесување пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и за поднесување барање за паушално одданочување за приходи од земјоделска дејност. Од УЈП апелираат да се запази рокот и до крајот на месецов да се поднесат пријавите.
Сеуште дивоградбите проблем
Синдикатот на ЕМО побарал средба со премиерот Никола Груевски
Синдикатот на ЕМО побарал средба со премиерот Никола Груевски.
Општина Струга ги мапира самохраните родители
Климент Довлев од населбата Кошишта го фати бурето со црвено вино
Денешниот ден донесе радост за Климент Довлев од населбата Кошишта кој го фати бурето со црвено вино. И оваа година на денот на рибарите голем број охриѓани беа присутни на пристаништето за да го проследат фрлањето на бурињата настан кој прераснува во традиција.