Skip to main content

Окт 4, 2023
Седница на Совет
Одлуките за давање согласност на Одлуките за утврдување тарифа за водната улсуга, снабдување со вода за пиење на ЈП Водовод и за утврдување на тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Никсоградба Охрид“, на денешната триесет и трета седница на Советот на Општина Охрид,  предизвикаа расправа која траеше речиси еден час.

Окт 4, 2023
Автопат Кичево – Охрид
Бескрајното одлагање на роковите за изградба на автопатот Охрид Кичево и зададе сериозен удар на оваа туристичка сезона. Туристичките работници велат дека традиционлните гости веќе го избегнуваат Охрид, поради бескрајната изградба на автопатот, и потенцираат дека за развој на здрав туризам, здрава економија, потребна е добра патна инфраструктура.

Окт 4, 2023
ЈП Водовод Охрид
Екипи на ЈП Водовод Охрид работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

Окт 4, 2023
ЈП „Водовод и Kанализација”-Струга
Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување работи од страна на ЕВН Македонија.

цени
Окт 4, 2023
Економија
Воведувањето на гарантирани цени на основните прехрамбени производи, не го подобри животниот стандард на граѓаните. Од инфлацијата најпогодени се пензионерите, кои се жалат дека едвај врзуваат крај со крај. Дополнително велат дел од трговците не ги ни почитуваат мерките. Според експертите мерките треба да се носат на подолг рок, но напоредно со нив да растат и платите и пензиите.

Окт 4, 2023
МВР
Двете лица се приведени и ќе бидат предадени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава.

Окт 4, 2023
СВР Охрид
На катарстарска парцела на улицата „Даме Груев” во Охрид, бесправно изградил стамбен објект за домување.

Окт 4, 2023
Туризам
Брачен пар од Холандија вистински вњубеници во Охрид. Холанѓаните се едни од најредовните и најбројните туристи на брегот на Охридското Езеро.Туризмот се врати на старите патеки, според статистиката бројот на странски туристи бележи пораст од 46,8 %.