Skip to main content

Авг 20, 2014

 претставата Роденденот на господинот Нушиќ завршува 54- тото издание на Фестивалот Охридско лето.

„ Роденденот на господинот Нушиќ “е  претставата со која завршува годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Со гостувањето на актерите од белгардскиот Звездара театар се одбележува јубилејот 150 години од раѓањето на  комедиографот Бранислав Нушиќ кој оставил силен белег во драмската литертура на балканските простори.  Текстото на Душан Ковачевиќ, „ Роденденот на гоподин Нушиќ“ кој ќе се игра вечерва на сцената во Центарот за култура, донесува потполно нови непознати информации од биографијата на генијалниот комедиограф.    
Главната улога на Бранислав Нушиќ ја донесува познатиот српски актер Бранислав Лечиќ. За улогата вели дека е голема чест и одговорност. Немав многу елементи за да направам класичен лик, немав податоци што се случувало во животот на човекот кој правел комедии и кој ги засмејувал луѓето, кажува Лечиќ.
nusic
„ Претставата е една сцена во која се менуваат актерите и настаните, на една кафеанска забава, во која дознаваме многу  убави нешта, поврзани за Нушиќ, а  понекогаш и тажни. Од тој контраст публиката ќе дознае колку е тешко некој кој предизвикува смеење и секогаш некого засмејува , а во себе носи тага во својот личен живот, и тоа најмногу ме допре“, вели Лечиќ.

Во врвната актерска екипа која учествува во оваа претстава игра и Драган Петровиќ  во улогата на Станое, сопственик на  кафана и  воен другар на Нушиќ. Тие двајцата учествувале во 3 војни, првата и втората Балканска војна и Првата Светска војна. Тој во чест на 60 години од роденденот на Нушиќ организирал забава во негова чест, појаснува детали од претставата Петровиќ.

nusic„ Мене ми беше полесно од колку на Лека мојот лик е измислен и не морав да барам историски податоци. За таа личност  имав слобода да измислам што сакам , ми беше лесно да најдам решение се потпрев на силните ликови кои ги напишал Нушиќ во своите комедии.“  
 
Покрај актерите Лечиќ и Петровиќ игра  и помладата екипа на актери како што се Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Иван Зариќ, Санда Балбан и др. Режисер на претставата „Роденденот на господинот Нушиќ “ е Небојша Брадиќ.

 

 

{loadposition content9}

 


Мај 24, 2021

Компанијата за собирање и управување со амбалажен отпад ќе избира најеколошка општина. Право на учество на  конкурсот имаат сите општини во земјава кои ќе ја приложат еколошко-општествена работа реализирана во текот на изминатата 2020 година.  


Авг 20, 2014

Предлогот за менување на името на кејот „Маршал Тито“ во кеј „Македонија“ за едни прифатлив за другите не. Од советничката група на СДСМ реагираат дека  прескокната е стручната и научната јавност за да го даде своето мислење по овие прашања. Тие ќе бараат одлагање на оваа точка од днебвниот ред на наредната седница закажана за во петок.


Сеп 19, 2014

Основачот и еден од најбогатите луѓе во светот се повлекува  од директорското место


Авг 19, 2014

Предлогот за менување на името на кејот „Маршал Тито“ во кеј „Македонија“ денес пред членовите на Комисијата за општествени дејности.


Авг 19, 2014

ФТУ задоволни од бројот на студенти кои се запишаа на оваа високообразовна институцијуа во првиот уписен рок. Од таму очекуваат дека во вториот целосно ќе се исполни квотата.


Авг 19, 2014

На кинеската вечер на фестивалот,  насловена како „Музиката  на Шенжен“ ќе се претстави Симфонискиот оркестар на Шенжен. Куриозитет на вечерта ќе биде нивната изведба на „Недовршената рапсодија“ на македонскиот композитор Томислав Зографски.


Ное 11, 2010

Македонија сака да привлече дел од 52 милиони кинески туристи, колку што само годинава излегле надвор од границите на една од најмоќните економии во светот.