Skip to main content
Фев 19, 2025
УХМР
Во Охрид денес температурите од -3 до 4 степени Целзиусови.

Фев 18, 2025
СВР Охрид
Вчера, 17.02.2025, Отсекот за превенција при СВР Охрид, реализираше превентивно-едукативната кампања под мотото – „И јас и ти сме пешаци“, чија што цел беше подигнување на степенот на безбедносна култура кај пешаците, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при преминување на коловозите со интенција да се придонесе за повисока безбедност во сообраќајот и избегнување на сообраќајни незгоди.

Фев 18, 2025
Потребно е унапредување на дигитализацијата на услугите на јавните претпријатија во Охрид. Општината или секое јавно претпријатие посебно треба да развие апликација преку која граѓаните брзо и едноставно ќе можат да поднесат барање, приговор или ќе пријават проблем и во законски најбрз рок ќе добијат одговор. Покрај усогласувањето на националното со европско законодавство во делот на заштита на потрошувачите, неопходна е и едукација на граѓаните за да ги знаат своите права и како можат да ги остварат, да си го ценат времето и секој денар.

Фев 18, 2025
Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Ќе се доделуваат садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од улиците „Крали Марко” и „8-ми Март“.

Свр охрид
Фев 18, 2025
Започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.

Фев 18, 2025
Постериорна уретрална валвула (ПУВ) е конгенитална аномалија која ги зафаќа машките новороденчиња. Истата вклучува присуство на абнормални мембрани на ткивото во уретрата кои прават опструкција или го блокираат нормалниот проток на урина водејќи до разни компликации, од кои карактеристична е задршката на урина која води до ретроградна дилатација на уретерите и бубрезите што како резултат води до нивно оштетување.

Фев 18, 2025
Денес во Ријад почнуваат руско-американските разговори за крај на војната во Украина. Украина не ги признава преговорите.

Фев 18, 2025
Црвен крст Охрид
По повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија, општинската организација при Црвен крст Охрид традиционално ќе додели јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.