Застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево
Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесетминутно сопирање на сообраќајот во двата правци.
Исполнета есен за теквондистите од „Хва Ранг“ од Лескоец
На крајот од месецов ќе покажат што знаат на меморијалниот турнир во боречки вештини во Охрид, додека во Ноември заминуваат на Меѓународниот отворен турнир во Благоевград.
Хуманитарен Дедо Мраз на мотор
Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид
Од Центарот за јавно здравје од Охрид денес делеа овошје и здрави совети на граѓаните, а како продолжение на одбележувањето на Светскиот ден на срцето.
Извадени 3 500 неексплодирани убојни средства
Заврши акцијата за вадење на неексплодирани убојни средства од Охридското езеро.
Хуманитарна акција за посреќно детство
Сто активности во еден настан. Платото пред ЦК „Глригор Прличев“ беше местото каде што годинава се одржа хуманитарна акција „За посреќно детство“. Различни спортски дисциплини, културно забавни содржини, крводарителска акција, бесплатен стоматолошки преглед за сите деца, и годинава ги сплоти младите луѓе под еден заеднички именител, хуманоста.
Законот за дивоградби повторно се враќа во Собрание
Талат Џафери очекува законот за дивоградби на 8 јуни да се најде на пленарна седница. Дотогаш се очекува во него да бидат вметнати забелешките на стручната јавност.
И без раководител се може
Сеуште нема назначен раководител на Секторот за јавни дејности па поради тоа се отежнува функционирањето на училиштата, реагира дел од образовниот кадар. Од локалната ги негираат ваквите реакции објаснувајќи дека нема застој во секторот бидејќи иако нема раководител со него непосредно раководи Градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општината , Димитар Спасески.
