Skip to main content
Мар 7, 2014

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната пресс конференција истакнаа дека Охрид со нивниот Градоначалник доживеал преродба . Набројаа повеќе инфраструктурни зафати со кои се подобрило живеењето на граѓаните.


Мар 7, 2014

Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма подготвена од учениците на  основното училиште „Братство единство“. Директорот на училиштето вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема.


Мар 7, 2014

Женскиот дел од екипата на Велосипедскиот клуб „Екодром“ утре, организира „Осмомартовска велосипедска тура“.


Апр 8, 2010

На вториот Самит на Ромите во Кордоба, претставниците од Македонија ќе ја претстават Црно-белата книга, односно позитивните и негативните примери од животот на Ромите.


Мар 7, 2014

Претставата со која приватниот битолски театар „Солза и Смеа“ го прославија своето полнолетство-Златна Бубашваба , овој петок во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“.


Јул 30, 2009

Жителите на улицата „Едвард Кардељ“ повторно се кренаа на нозе. На улицата се постави чакал, колку градоначалникот да ни ги замачка очите, велат тие.


Мар 7, 2014

Силувано 14 годишно момче во Дебар. Против 62 годишен дебарчанец, Полициската станица од Дебар поднесе  кривична пријава за сторено казнено дело „Силување“ и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено-поправна установа во Скопје.


Апр 19, 2021

Здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” и доц. Д-р Никола Митровиќ, раководител на подрачната единица на историскиот архив на Република Северна Македонија – Охрид, организираа двочасовна виртуелна “прошетка” низ најзначајните културно – историски споменици и обележја на етничките заедници кои егзистираат на територијата на нашиот град.