Окт 9, 2024
Министерот Перински и швајцарската амбасадорка Улман во посета на болниците за ортопедија и кардиологија во Охрид
Домаќини и соговорници им беа директорите на установите, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Центарот за развој на југозападен плански регион, Ваљон Каба. На посетата присуствуваа и градоначалниците на Дебар, Македонски Брод, Центар Жупа, и претседателката на Советот на Општина Струга кои беа активно вклучени во процесот на избирање на овие проекти како приоритет на регионот.
Окт 9, 2024
Министерство за дигитална трансформација
100 дена Министерство за дигитална трансформација: најавена првата мобилна апликација за лични документи и за услуги
Во рамки на овој проект се работи на воведување на дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како мобилен паричник (ID Wallet). Дигиталниот паричник ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги.
Окт 9, 2024
Факултет за Туризам и Угостителство – Охрид
Денес и утре на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан
Овој настан на локалната гастрономска сцена ги носи познати имиња од светската и балканската гастрономија како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија). Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност.
Окт 9, 2024
Здружение за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК”
Викендов ќе се одржи симпозиум по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија
Цел на овој симпозиум е запознавање и промовирање на ретките болести, дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката како и иновативните третмани на овие болести, концизно сумирани низ низа предавања и постер презентации на врвни експерти.
Окт 9, 2024
јп водовод – охрид
Поради дефект без вода корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата
Окт 9, 2024
Ј.П.„Охридски Комуналец”
Во недела акција за подигнување на селектиран отпад на улиците „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“
Од претпријатието апелираат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката од календарот.
Окт 9, 2024
Здружение на дијабетичари
Денес ќе се одржи предавање за кардиоваскуларните заболувања и нивната превенција кај пациентите со дијабетес
Целта на овие активности е подигање на свеста за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата, како два најзначајни ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања.
Окт 9, 2024
ухмр
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд
Во Охрид температурата ќе се движи во интервал од 9 до 20 степени Целзиусови.