Јул 30, 2023
Еко-акцијата „Радожда 2023“ покажа каков отпад се крие во езерото
„Извадивме голема количина разновиден цврст отпад од езерото. Продолжуваме и понатаму со нашата мисија за чисти природни убавини и повикуваме на свесност при одлагање на отпадот. “ – порачуваат од нуркачките клубови.
Јул 30, 2023
Православен календар
Света маченичка Марина – Огнена Марија
Моштите на овој светител почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро.
Јул 29, 2023
СВР Охрид
Уапсени две лица кај СРЦ Билјанини извори кај кои била пронајдена дрога
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Охрид.
Јул 29, 2023
Општина Охрид
Општина Охрид со повеќе свечени настани ќе го одбележи 2 Август – Денот на Републиката
Свеченостите ќе започнат во вторник, на 1-ви август, со промоција на книгата „Охридскиот XIX век“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Јул 29, 2023
Универзитет за информатични науки и технологии УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид
Посета на евроамбасадорот Дејвид Гир на УИНТ „Св. Апостол Павле“
На средбата се разговараше за предизвиците и можностите за одржлив економски развој во земјата и регионот, вклучување на бизнисите и младите луѓе кои би придонесле со свои идеи преку основање на стартапи за развој на локалната економија.
Јул 29, 2023
УХМР
Сончево со температура до 31 степен
Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Јул 28, 2023
30-та Седница на Совет – советнички прашања
Комуналната хигиена во Охрид среде сезона жешка тема на седницата на градскиот совет
Комуналната хигиена во Охрид за време на летната сезона едно од најжешките прашања на денешната седница на Советот на Општина Охрид, посветена на советничките прашања. Бојан Михајловски, советник од СДСМ, обвини дека Охрид се дави во смет, а првиот човек на градов, градоначалникот Кирил Пецаков, му предложи на Михајловски, кога сака, на која локација сака, ненајавено, заедно да го проверат тоа.
Јул 28, 2023
29-та Седница на Совет на Општина Охрид
Советот пренамени средства во буџетот за набавка на градежни машини
Градските советници имаа полни раце работа на крајот на работната недела. На 29-тата седница дискутираа за прашања од сферата на образованието, работата на јавните претпријатија, урбанизмот и други сфери од општественото живеење.