Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник
Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиот манастир Рајчица.
Голема кражба на лични податоци
Хакери го нападнале “eBay”
Мал дефект отвори голем проблем
Мал дефект, им отвори голем проблем на службите на МЈП „Проаква“. На ул. „Карпош Војвода три дена непрекинато се прелива чиста вода од две шахти. Од ЈП запознати се со проблемот и најавија дека деновиве ќе преземат мерки за санирање на дефектот.
Што крие некогашната Детска болница, Охрид
Архивските материјали од Детска болница од Охрид лежат по подовите, расфрлани насекаде низ некогашните простории на оваа установа. Местото им е во Државниот Архив на Р. Македонија, но досега надлежните не ја спровеле постапката за нивно соодветно депонирање.
Јавна распределба на 102 социјални станови
Јавна прелиминарна електронска распределба ќе се одржи денеска на 102 социјални станови изградени и подготвени за вселување во скопската општина Ѓорче Петров.
Се вжештува атмосферата во ЈП „Билјанини извори“
Вработените во ЈП „Билјанини извори“ утрово одржаа предупредувачки протест.
Министерот за здравство Османи во посета на Струга
Министерот за здравство Бујар Османи, денеска во зградата на општина Струга, ќе се сретне со градоначалникот Рамиз Мерко и со директорите на јавните здравствени установи од овој регион.
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ГО ПОДДРЖИ ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ-КРЕАТОРИ НА НАШАТА ИДНИНА“
Општина Охрид ќе го поддржи проектот „Младите-креатори на нашата иднина“ кој ќе го реализира Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје.