Бакрачески:Охрид вети и ќе добие модерно пристаниште
Охрид заслужува и ќе добие модерно пристаниште, вети кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Бакрачески.
Ќе ја вратиме надежта кај младите
Сашо Донев, кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и претседател на Унијата на млади сили на денешната прес конференција рече дека една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град.
Петрески:„ВМРО ДПМНЕ во овој град нема дела“
Слоганот на ВМРО ДПМНЕ за кампањататреба да е „избери злодела“.
Кандидатите за градоначалници од петка потпишаа Кодекс за фер избори
Дел од кандидатите за градоначалници го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер избори.
Нова автобуска-приоритет за кандидатот за градоначалник Васил Ристески
Покрај новата автобуска која би се градела на местото на постојната, Ристески доколку ги добие изборите, вети изградба и на современ паркинг и нов пазар во продолжение на автобуската станица.
Попоски -„Да, Знам зошто! “
Под мотото „Да, Знам зошто! “, денеска се претстави, Павел Попоски носителот на независната советничка листа од Охрид. Попоски како што и самиот кажа, пред себе и пред охриѓани, си поставил неколку реални цели, кои доколку стане советник на Охрид, вети дека ќе ги исполни.
Форца Еѓипќани: д-р Бакрачески е вистински пријател на еѓипќаните
Претседателот на невладината организација „Форца Египет“, Петрит Хусеин, ги повика своите сонародници да ја подржат програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзувањето на коридорот 8 и 10, приоритет на кандидатот за градоначалник, Ристески
Поврзувањето на коридорот 8 и 10 односно изградба на автопат на релација Гостивар-Охрид- Росоман-Градско ќе биде приоритет за независниот кандидат за градоначалник, Васил Ристески. Тој јавно побара соочување со своите противкандидати како би ги презентирале различните програми пред граѓаните на Охрид.