Skip to main content

Сеп 8, 2025
„Свето Таинство“ е во издание на Општина Охрид, а ќе биде промовирано во 12 часот, во Лапидариумот од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.

Сеп 8, 2025
Наша е обврската да го сочуваме  наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.

Сеп 5, 2025
Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија.

Сеп 5, 2025
Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во  просториите на охридската касарна присуствуваше на свеченост по повод 81 година  од формирањето на Шестата Народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на Шестата пешадиска бригада.

Сеп 4, 2025
Хидробиолошкиот Завод е основан во 1935 година и е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес. Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во Македонија чија главна преокупација е лимнологијата на природните езера на (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.

Сеп 1, 2025
Новите училишни простории на ООУ „Кочо Рацин“ се сместени во еден од објектите на поранешната касарна. Беше извршена целосна  реконструкција, адаптација и опремување на просторот, со што се обезбедени современи услови за изведување на наставата.

Авг 30, 2025
Нивната цел е, велат, едноставна, да имаат вода како основно човеково право и да можат да живеат нормален и достоинствен живот.

Авг 29, 2025
Во периодот кој што следи до април 2026 година министерството ќе работи на воспоставување на телото составено од експерти кои на барање на општините би биле на располагање за помош во испорака на секоја услуга кон граѓаните во надлежност на општината, но и низа подготвителни активности како прирачници и насоки за градоначалниците и административните работници.