Мај 12, 2023
Сообраќајни контроли СВР Охрид
Казнети 9 охриѓани за преминување надвор од пешачки
При засилени сообраќајни контроли на територија на Охрид казнети се 9 пешаци, Струга-8, Кичево-9 и во Дебар двајца.
Мај 12, 2023
Театарска ИМПРОВОКАЦИЈА
Утре нова ИМПРОВОКАЦИЈА – Пролетно чистење
На 13 мај (сабота), со почеток во 20:00, на мала сцена на Народен театар Охрид.
Мај 12, 2023
Центар за безбедност на вода – Црвен Крст Охрид
Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид прераснува во регионален
За прв пат оваа година на обуката за спасители на отворени води, која ќе се одвива од 23-30 јуни, ќе учествуваат и десет кандидати на албанскиот Црвен крст, кои ќе се грижат за безбедноста на капачите на албанскиот дел од езерото. Со најавите на охридскта локална власт дека летово ќе има закупци на плажите, останува на сила обврската за ангажирање на спасители штоќе гарантира безбедност за капачите.
Мај 12, 2023
Пангеном
Научниците создадоа нов модел на човечкиот геном
Претходниот модел се базираше на ДНК на едно лице, а новиот е збирка на геноми на 47 луѓе со различно потекло. Новиот генетски отпечаток подобро ја одразува глобалната популација, придонесувајќи во обидите да се идентификува генетската позадина на болестите и пронаоѓање начини за нивно лекување.
Мај 12, 2023
Заврши речиси едногодишен аларм поради вирусната болест
СЗО: Мајмунските сипаници повеќе не се глобална здравствена закана
Повеќе од 87.000 случаи на мајмунски сипаници се потврдени ширум светот од почетокот на 2022 година до 8 мај оваа година, според најновиот извештај на СЗО.
Мај 12, 2023
Пазар не недвижности
После Скопје, најбарани се становите во Охрид
Продажбата на станови во Охрид е порасната за 50 %, но исто толку е зголемена и цената за м2. Агентите очекуваат стабилизација на пазарот на недвижнини.
Мај 12, 2023
УХМР
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди
Минималната температура до 10 степени, а максималната до 19 степени целзјусови.
Мај 11, 2023
Охрид се подготвува за летната туристичка сезона
Се уредуваат и санираат јавните површини и добра во пресрет на сезоната
Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови.
