Skip to main content
Окт 13, 2026
Европската комисија објави нов повик за финансирање заеднички проекти меѓу Македонија и Албанија, во рамки на ИПА III-програмата за прекугранична соработка. Заинтересираните организации можат да аплицираат до 15 јануари 2027 година, а на располагање се вкупно 3,43 милиони евра, информира Министерството за локална самоуправа.

Окт 13, 2026
Министерот Клековски најави дека прв ќе се вакцинира, со цел да ги поттикне граѓаните да се пријават за имунизација против сезонски грип.

Окт 13, 2026
Заинтересираните сопственици и нивните полномошници можат да достават евентуални приговори до Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид, најдоцна до 21 октомври 2026 година.

Окт 13, 2026
Јавното излагање ќе се одржи на 21 октомври 2026 година, со почеток во 12 часот, во Големата сала на Општина Охрид.

Окт 13, 2026
Од Општина Охрид ги повикуваат наградените ученици, во придружба на родител, да достават трансакциски сметки во Одделението за управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при Општина Охрид

Окт 13, 2026
Објектот во населбата Далјан на брегот на Охридското Езеро е изграден, а наскоро се очекува да почне со работа. Во целиот Југозападен регион ова е првиот дом за сместување и грижа за старите лица. Пензионерите загрижени колку ќе чини сместување во приватен старечки дом.

Вевчани Би би си
Окт 13, 2026
Вевчани сè повеќе се наметнува како дестинација за туризам во текот на целата година. Подножјето на Јабланица, Вевчанските извори, богатата традиција и локалната гастрономија привлекуваат домашни и странски гости, а расте и интересот за активен и планински туризам, со пешачење, велосипедизам и виа ферата.

Трпејца
Окт 13, 2026
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот од страна на ЕВН Македонија.