Skip to main content

Фев 13, 2023
Свр охрид
16-месечно бебе било однесено во болницата Св. Еразмо со тешки телесни повреди. Од СВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фев 13, 2023
Услужни дејности
Секој на свој начин се бори за опстанок посебно во зимските месеци. Засега не е алармантна состојбата со затворање на продавници и покрај зголемените трошоци во работењето.

Фев 13, 2023
Основни училишта
Со водичи за запознавање со природата во одделенска настава ќе се развива еколошката свест кај новите генерации. Од печат излегоа три прирачници во издание на издавачката куќа Чудна шума а поддрѓано од О2 Иницијатива. Книгите кои опфаќаат три екосистеми, животот низ шумата, низ барите и езерата и градско зеленило ќе бидат дистрибуирани низ училиштата во државава. Триплетот прирачници може да се користат како џебно издание во училница но и илустративно да се употребуваат на екскурзии и прошетки.Нивната примена ќе биде надополнета со квизови на онлјан платформа преку кои учениците ќе го проверуваат знаењето на забавен начин.

Фев 13, 2023
Ухмр
Резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е намален за еден сантиметар.

Фев 13, 2023
Временска прогноза
Во среда максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, во четврток од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.

Фев 13, 2023
103та седница
Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

Фев 13, 2023
Долгогодишна соработка меѓу двете институции
Предавањата се резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции, иницирана од страна на проф. д-р Александар Трајков и проф. Горан Попоски.

Фев 13, 2023
Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Проектот „ОД ГОРЕ” има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега несоодветен и спектакуларен.