Фев 13, 2024
Предлог законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата оди во Собрание
Со Споменикот на природата – Охридско Езеро ќе управува Јавното претпријатие Колекторски систем. Планот за управување со Споменикот на природата – Охридско Езеро ќе треба да се донесе најдоцна во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Фев 13, 2024
Совет на Општина Охрид
Советот на Општина Охрид ја одржа 38 седница
Без поголеми дискусии, советниците со големо мнозинство ги изгласаа сите точки, информираат од локалната.
Фев 13, 2024
Зголемен одзивот на родители во Охрид за имунизација на децата од голема кашлица
Стравот од епидемијата на голема кашлица но и препораката на здравствените власти да не се примаат невакцинирани деца во градинка ги размрда родителите. Деновиве има зголемен одзив во службата за превенција при Здравствен дом Охрид на родители кои ги носат дечињата да примат пропуштена вакцина ДиТеПер. Службата интензивно работи и на повикување на родителите според вакциналните списоци.
Фев 13, 2024
Во Албанија се патува и со стари лични карти
Во Р. Албанија денес може да се патува и со стари документи. Полициските службеници ги пропуштаа патниците со стари лични карти , возачаки дозволи и без налепниците НМК. На првиот ден откако престанаа да важат старите патни исправи на граничниот премин Ќафасан има благ пораст на патници и возила.
Фев 13, 2024
РСБСП: Возете внимателно и одговорно за Свети Трифун и Валентин
Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.
Фев 13, 2024
Ретко е да си редок
Хидромиелија – Ги запознаваме ретките болести
Она што точно ја предизвикува хидромиелијата сè уште не е познато, па затоа не постојат конкретни начини за таа да се спречи.
Фев 12, 2024
Клуб на Млади на Црвен крст Охрид
Волонтерите на Црвен Крст Охрид дел од свечената матурска вечер на лицата со посебни потреби
Настанот се одржа во Ресен, и на истиот учество зедоа 15 млади волонтери од Клубот на млади кои три часа се дружеја, играа, пееја и се забавуваа со специјалните гости на вечерта.
Фев 12, 2024
Архив Охрид
Натпревари во правење песочни фигури се одржувале на охридските плажи во 80-тите години на минатиот век
Записи кои сведочат за одржување натпревари во изработка на песочни фигури на охридско струшката ривиера им биле презентирани на хотелиери од страна на охридскиот архив. Директорот на архивот вели дека во 80-тите години на минатиот век, изработката на фигури од песок на охридските плажи била своевидна атракција и за локалното население и за туристите.