Skip to main content

Јан 13, 2023
Балкански ерусалим
Убавините и туристичките потенцијали на Охрид, беа презентирани во репортажа на националната телевизија ЕРТ во Грција.

Јан 13, 2023
Анимација, едукација и инклузија
Поттикнување и активно вклучување на младите во заедницата е главниот фокус на годишната програма на Младинскиот Центар Охрид. Акцент ќе се стави на младинското учество, неформалното образование, информирање, вработување и култура. За таа цел се формираат волонтерски креативен и медија клуб, преку кои младите ќе можат да творат, да се изразуваат и да ги подобруваат своите животни вештини.

Јан 13, 2023
Агенција за храна и ветеринарство
Агенцијата за храна и ветеринарство издаде решение за повлекување на чаши, чинии и чинии со прегради, увезени од Франција. Производите не се во согласност со одредбите на Правилникот за посебни барања за безбедност на пластични материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храна.

Јан 13, 2023
Заеднички појадок
Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.

Јан 13, 2023
Министер за образование и наука
25 милиони евра за реконструкција на студентските домови во државава, меѓу кои и студентскиот дом „Никола Карев“ од Охрид. Проектот е финансиран од Германска развојна банка.

Јан 13, 2023
Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.

Јан 13, 2023
По долгогодишна битка со неплодноста
Со голема упорност и желба, 52-годишна жена на свет ја донесе Јана. Породувањето било со царски рез, а бебето е со тежина од 2.600 грама.

Јан 13, 2023
Празнување
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.