Skip to main content

Дек 29, 2022
Свр охрид
Жител на Велгошти се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот во угостителски објект на кеј „Македонија“.

Дек 29, 2022
Улица егејска
54-годишен жител на селото Лешани е лишен од слобода бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.

Дек 29, 2022
Национална опера и балет
Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ ќе се одржи на 12-ти и 13-ти јануари со почеток во 20 часот.

Дек 29, 2022
Блокада на патот струга дебар
Лабуништани денеска на масовни протести, го блокираа патот Струга-Дебар. Повторно го кренаа гласот против каменоломите во селото, кои од септември ја активираа механизацијата. Револтираните жители тврдат дека една третина од населението во Лабуништа има респираторни заболувања поради штетните честички и правот кој го вдишуваат.

Дек 29, 2022
Економско-енергетски повластици
Малите занаетчии, бербери, фризери, кројачи, шивачи, автомеханичари и други мали фирми, занаетчии, од идната година ќе плаќаат поевтина струја. Владата ги прифатила барањата на занаетчиската комора за категоризирање од индустриска во електрична енергија за домаќинствата со цел поддршка на микро, малите занаетчии, сè додека трае кризата. Дополнително периодов Занаетчиската комора работи на намалување на давачките со цел овозможување подобри услови и стабилизирање на работата на занаетчиите и справување со економско енергетската криза.

Дек 29, 2022
Дочек на нова година
Недостасуваат организирани новогодишни програми во туристичките центри. За новогодишните празници најбројни ќе бидат домашните гости, како и туристите од соседството, од Србија, Бугарија, Грција и Албанија.

Дек 29, 2022
Завод и Музеј – Охрид
Во 2023 година потребна е санација на спомен куќата на Григор Прличев и кровната конструкција на Ранохристијанската базилика на локалитетот Плаошник. Годинава, се санираа објектите музеј на Куќата на Робевци и Куќата на Христо Узунов.

Дек 29, 2022
Зголемување на свеста кај населението
На основците им беа прикажани можните последици од неправилното користење на петарди за новогодишните празници.