Skip to main content

Дек 11, 2022
Се однесувал агресивно кон полициски службеник
Приведен е 43-годишен охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник.

Дек 10, 2022
Ухмр
Се очекуваат зголемувања на водостоите и на поголемите реки (особено во западните делови), кои сепак се ниски и под прагот на нивно излевање.

Дек 10, 2022
Национален парк
Вработени во јавната установа НП „Галичица“ се грижат за елените, за потребите од храна, вода, но и за нивното здравје.

Дек 10, 2022
Ин мемориам
Погребните останки ќе бидат изложени на градските гробишта во Охрид утре ( 11-ти декември 2022) од 13 часот.

Дек 10, 2022
Црвен крст охрид
Во вторник од 10-14 часот крводарителска акција на ФТУ Охрид под мотото „Подај рака за живот, дарувај крв“.

Дек 10, 2022
Охридско струшко крајбрежје
Половина од хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје ставија клуч на врата. Хотелскиот сектор не доби помош од државата. Одговорот од владата е дека барањето за финансиска поддршка од ХОТАМ, поради енергетската криза и превисоките сметки за електрична енергија, кои е невозможно да се сервисираат, се разгледува. Поголемиот дел од вработените во хотелскиот сектор се на 70% плата, дел се испуштаат, бидејќи има хотели кои не се во состојба ниту да поделат плата и покрај тоа што затвориле.

Дек 9, 2022
Национален парк Галичица
Националниот парк Галичица започнува со својата најнова интерактивна програма Граѓанска наука. Заинтересираните граѓани кои често ја посетуваат Галичица, од овој месец ќе имаат можност доброволно да се вклучат и да придонесат во збогатување на податоците, да помагаат во спроведување на научни истражувања за што претходно ќе добијат обуки и насоки од вработените во паркот.

Дек 9, 2022
Основно јавно обвинителство – Струга
Отворен е предмет за надрилекарство и за злоупотреба на службена должност на директорот и на Комисијата за селекција при вработување. Во текот на истражувањата за случајот во кој лице работело како лекар 4 години без диплома и лиценца , ОЈО дошло до сознанија и за нови злоупотреби.