Skip to main content

Дек 7, 2022
Настан
Бадниковата поворка повторно ќе биде организирана во Охрид, по две години пауза поради пандемијата на коронавирусот.

Дек 6, 2022
Во чест на свети климент охридски
Светската награда за хуманизам за 2023 година, Охридската академија на хуманизмот ја доделува на Виктор Фридман.

Дек 6, 2022
Светско природно и културно наследство
Албанската и македонската влада се уште не го изготвија заедничкиот план за спроведување на препораките на Унеско. Според експертите потребни се итни мерки за изработка на стратегија и комуникација помеѓу сите актери на целиот слив на Охридското Езеро. Состојбите со природното и културното богатство на Охридскиот Регион ќе се истражуваат на почетокот на идната година.

Дек 6, 2022
Јп охридски комуналец
Новиот дрворед на патеката кон „Горица“ се засадува на потегот кај Скејт паркот и на потегот од Фитнес зоната до хотел „Парк“.

Дек 6, 2022
Трговија
Пекарите и производителите на основните прехрабнени артикли не доставуваат понуди до трговците со пониска цена. Производителите требаше да ги намалат цените на артиклите затоа што од владата добија субвенции за струја. Граѓаните не ги делат оптимизмот и очекувањата на власта дека ќе има намалување на цената на основните прехранбени производи од 5 до 13 отсто.

Дек 6, 2022
Нема да има организиран дочек за нова година
Струга ќе блесне во Новогодишно руво. Ќе биде организиран концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на Новата година. Од општината велат за празниците нема да има рестрикции на уличното осветлување.

Дек 6, 2022
Радосен декември со црвен крст охрид
Во новата хуманитарната акција на Црвен крст Охрид во соработка со MI&DA Mobile Service Center од Охрид ви овозможуваат да ги израдувате лицата од социјален ризик, подарувајќи им мобилен телефон што не го користите.

Дек 6, 2022
Завод и музеј охрид
Од НУ „Завод и Музеј“ Охрид информираат дека се завршени археолошките истражувања на локалитетот Самуилова тврдина.