Skip to main content

Окт 14, 2022
Научно образовен настан
Едночасовен настан за едукација на учениците од основните училишта од охриско-струшкиот регион, за природната непогода земјотрес.

Окт 13, 2022
На кружните сообраќајници во градот, како и во дворот на Општина Охрид засадени се 500 хризантеми, кои се рај за очите.

Окт 13, 2022
Кривична пријава
Кривична пријава доби 44-годишно лице од Прилеп, поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Окт 13, 2022
Министерство за здравство
Во земјава пристигнаа 40 000 вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата е предвидено да започне во текот на следната недела.

Окт 13, 2022
Свр охрид
Рекламната табла со натписот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ ја искршил 47-годишен охриѓанец.

Окт 13, 2022
Кампања
Пред заинтересираните граѓани, ќе бидат презентирани придобивките од згрижување и начинот на кој можете да станете згрижувач.

Окт 13, 2022
Финансиран од европска унија
За изградба на адреналински парк во Охрид кој е дел од Проектот „OHRID Go“, финансиран од страна на Европската Унија преку програмата ЕУ за општините, потребни се повеќе пари. На последната седница на Советот на Општина Охрид посветена на советничките прашања, советникот Ванчо Костоски од ВМРO Народна запраша зошто после една година на терен нема видливи резулати. Градоначалникот Пецаков, кажа дека со порастот на цените репроматеријалите потребни за изработка на паркот, потребни се и дополнителни финансиски средства.

Окт 13, 2022
Библиотека Григор Прличев
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид започна кампања за промоција на своите услуги меѓу учениците во основните и средни училишта со цел зачленување и читање лектири. Целта е да се подигне културата на читање, личната култура и образование помеѓу младите и проширувањето на вокабуларот. Кампањата ќе продолжи да се одвива во текот на цел октомври кој воедно се смета за Месец на книгата.