Ное 22, 2023
Општина Дебрца
ЕВН ги исклучи од струја сите водоснабдителни системи во Дебрца
ЕВН денес ги исклучи сите водоснабдителни системи во Дебрца, за долг од 2.000.000 денари, иако им било предложено јавното претпријатие на месечни рати да го сервисира и овој долг, информира Градоначалникот Зоран Ногачески. Без вода покрај жителите на Дебрца останале и Болницата “Св.Еразмо” и Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле.
Ное 22, 2023
Здружение на граѓани СВЕТИ ВАСИЛИЈ
Пријавување за тридневна обука во проектот “Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион”
Oбуката ќе се реализира во петок на 24. Ноември 2023 година во етно ресторанот “Дедо Димо” во селото Куратица. Почеток во 10:30 часот.
Ное 22, 2023
Синоним за безбедност
Black Friday во Mаксипринт со најдобрите понуди досега
Максипринт Компјутери е една од водечките ИТ фирми на пазарот која 3 децении го прави достапно на клиентите само најдоброто од индустријата за обезбедување на имот.
Ное 22, 2023
Општина Дебрца
Започна изградба на водоводна мрежа во Арбиново
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца, а работите ги изведува ЈПКД Дебрца.
Ное 22, 2023
Државeн завод за статистика
Во септември годинава просечната нето плата изнесувала 37.876 денари
Просечната месечна нето-плата по вработен во септември годинава бележи зголемување од 16.4 отсто во однос на истиот месец во 2022 година.
Ное 22, 2023
УХМР
Облачно време со повремени врнежи од дожд
Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, а попладне ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Ное 21, 2023
Дезинформациите и негативниот наратив за туристички Охрид го уриваат имиџот на градот
Дезинформациите, кои станаа дел од секојдневнието во интернет ерата прават големи штети врз туризмот. Лагите и негативниот наратив поврзани со превисоки сметки од хотелско угостителските објекти во Охрид, од плажи, сендвичари и пекари се особено актуелни пред и за време на туристичката сезона. Пропагандата „Охрид е најскап“ го урива имиџот на градот Охрид, како главен туристички центар.
Ное 21, 2023
Винарија „Стојан и синови”
Виното Вранец-Требеништа на oхридската S&S винарија освои бронзен медал на саемот „Винска визија на Отворен Балкан”
Винаријата „Стојан и синови” ја збогатува охридската туристичка понуда продолжувајќи семејната традиција долга 50 години.







