Skip to main content

Јун 2, 2022
Соголување на шуми
Нелегална сеча ја пустоши планината Јабланица. Шеесеттина камиони натоварени со огревно дрво дневно минуваат низ струшкото село Вишни. Иста е состојбата и во соседно Радолиштa. Жителите преку собир бараат надлежните да прогласат мораториум за сеча.

Јун 2, 2022
Колекторски систем
Од цевководот се извадени големи колчини цврст отпад и градежен шут. За поголем проток на колекторскиот цевковод мора да се одвои атмосферската од фекалната канализација, нагласува директорот на ДЈП Колекторски систем.

Јун 2, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на одлуката од вчера.

Јун 2, 2022
Оружен напад
Маж вооружен со пушка и пиштол убил четири лица во медицинска установа во Тулса, Оклахома, по што се самоубил.

Јун 2, 2022
Евакуирани 250 лица
Евакуирани 250 лица по дојава за бомба утрово во зградата на Жупанискиот суд во Сплит. Полицијата врши увид на местото.

Јун 2, 2022
Физички напад
Охриѓанец нападнал сограѓанин пред угостителски објект на ул. „Кленоец“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Јун 2, 2022
Санација на дефект на водоводна мрежа
Утре неколку часа без вода ќе бидат корисниците на ул. „Гоце Делчев”, од улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи-Далјан.

Јун 2, 2022
Акција
Жардиниери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ подигнаа жителите на Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј.