Skip to main content
Кабаст отпад
Окт 12, 2023
ЈП „Охридски Kомуналец” Oхрид
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад и и претходно локацијата да се пријави на дежурниот телефон

Окт 12, 2023
Совет на Општина Охрид
Советот на општина Охрид денеска ја одржа 34тата седница со уште еден ребаланс на буџетот на дневен ред. Јавноста воопшто не беше известена дека ќе се одржува седница, а советниците дознале за истата во текот на вчерашниот ден. Советниците од СДСМ и коалицијата ја напуштија седницата, поради како што велат грубо кршење на Деловникот за работа на Советот и Статутот на Општина Охрид.

Школа млади лидери Иванов
Окт 12, 2023
Едукација – трансформација – лидерство
Темата на овогодинешната Школа за млади лидери е „Едукација – трансформација – лидерство” и на истата учествуваат четириесетина учесници од различни земји од светот, од Македонија, Србија, САД, Азербејџан, Турција, Јемен, Алжир, Нигерија, Германија, Филипини и Канада, кои своите знаења, вештини и амбиции за лидерство ќе ги градат и развиваат со повеќе од дваесет меѓународно признати професори, експерти од различни области, актуелни и поранешни политичари.

Планинарска тура за деца посебни потреби
Окт 12, 2023
Здружение на планинари „Великамен“
Здружението на Планинари „Великамен“ и Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“, ја реализираа Втората планинарско-рекреативна акција, на падините на Галичица. Дефектолозите велат дека ова е убава можност, за развивање на самодовербата кај овие лице и за јакнење на спортскиот дух, а водичите на планина додаваат дека ова е само една од можностите за инклузија на овие лица, во уште една од сферите на општественото живеење и подобра социјализација.

Светски ден занаетчии
Окт 12, 2023
Светски ден на занаетчиството
Саемот за рачни изработки ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов во периодот од 12ч до 15ч.

Дрвокрадци
Окт 12, 2023
Дрвокрадци
 Трговијата  со дрва на „црно” посебно  актуелна пред стартот на грејната сезона. Мештаните велат планината јабланица  немилосрдно се пустошоши и од дрвокрадците и од концесионерите, кои сечат без дозвола, за што реагирале до сите надлежни институции. Еколозите велат дрвокрадството ќе се намали кога ќе има поголема заштита, односно   прогласување на Јабланица за национален парк, процес кој се одолговлекува речиси 15 години.

Окт 12, 2023
УХМР
До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.

Градоначалник Пецаков
Окт 11, 2023
Честитка по повод 11 Октомври
Граѓаните на Македонија знаеа да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја, се вели во честитката од градоначалникот.