Мај 17, 2024
Советот на општина Охрид ќе ја одржи 41-та седница во четврток, 23-ти мај
Советниците ќе ги разгледаат и извештаите за реализација во првиот квартал од годинава на годишните и развојните програми на локалната самоуправа како и извештајот за остварување на буџетот.
Мај 16, 2024
Ќе се подобрува квалитетот на живот на дијабетичарите во Охрид
Се реафирмира Здружението на дијабетичари, ќе се организираат бројни настани за едукација на оваа категорија граѓани.
Мај 16, 2024
Одложено денешното рочиште за случајот Пендиков, не се појавија сведоците на обвинителството
Денеска во Основниот суд во Охрид требаше да продолжи судењето за случајот Пендиков, но рочиштето беше одложено поради непојавување на двајца сведоци на обвинителството. Според адвокатот на одбраната полицијата необезбедувајќи го присуството на сведоците, не си ја завршила работата согласно Законот за кривична постапка.
Мај 16, 2024
Институт за јавно здравје
ИЈЗ: Македонците јадат двојно повеќе сол од препорачаниот дневен внес
Внесувањето премногу сол го покачува крвниот притисок, кој е глаевн предизвикувач на мозочни и срцеви удари кои се причина за најголем број умирања и инвалидитет во светот.
Мај 16, 2024
НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ
ИПА вело тура за афирмација на идејата за велосипедска патека Охрид-Струга
ИПА Охрид, по осми пат ја афирмира идејата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града Охрид и Струга, со современо уредена, безбедна и функционална велосипедска патека..
Мај 16, 2024
Трибина за аутизмот во Македонија на 18-ти мај во Охрид
Трибината ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со почеток во 12 часот.
Мај 16, 2024
СВР Охрид
СВР Охрид ги спроведува кампањите „Мојот полицаец” и „Безбедни матурски прослави”
Целта на превентивната кампања „Мојот полицаец” е приближување на полицијата до децата како најмала категорија на граѓани, развивање на нивната безбедносна култура, развивање на чувство на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател.
Мај 16, 2024
ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања
Кардиолошкиoт центар Охрид утре со бесплатни прегледи на граѓаните на Кеј Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на хипертензијата
Во периодот од 12.00 до 15.00 часот ќе се прават бесплатни прегледи на граѓаните на два пункта поставени по Кејот и ќе се делат совети и информативни материјали од страна на докторите од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-Охрид и претставници од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје.