Авг 4, 2023
Печалбарите ја преполнија Струга
Во шпицот на сезона Струга преполна со туристи. Најбројни се печалбарите. Понатаму гостите од Холандија, Полска, Косово и Турција. Туристичките експерти велат градот на мостовите има огромен потенцијал за развој на алтернативен и културен туризам за продолжување на сезоната.
Авг 4, 2023
Безбедност на рана
АХВ: Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид
Во интервју за МТВ директорот на АХВ посочува дека се уништени повеќе од 200 килограми храна кои не одговарале на законските одредби за безбедност на храна.
Авг 4, 2023
ИПАРД
Распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3
Заинтересираните треба до 18-ти септември да достават барања за користење финансиска помош за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Авг 4, 2023
Безбедност на храна
Високо ниво на канцерогена состојка пронајдена во чипс произведен во Србија
Известувањето на Европскиот систем за брзо предупредување се однесува на Хрватска и Србија. Чипсот не влегол на хрватскиот пазар, а пратката била уништена.
Авг 4, 2023
УХМР
Сончево и топло со температури до 34 степени
Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Авг 3, 2023
СВР Охрид
Млади луѓе од Свети Николе, Скопје и Куманово се тепале на плажа во Охрид
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Авг 3, 2023
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
Од полноќ поскапува дизелот
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денари/л.
Авг 3, 2023
Рурален туризам
Во туристичко Вевчани недостигаат сместувачки капацитети
Расте бројот на туристи во општина Вевчани, а со тоа и потребата од сместувачки капацитети. Општината во генералниот урбанистички план предвидува изградба на неколку хотелски капацитети, а веќе имало и заинтересирани домашни и странски инвеститори. Во Вевчани оваа сезона најбројни се гостите од Холандија и Полска, но и домашните туристи.







