Јул 14, 2026
ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за издавање локации за подвижна урбана опрема
Локациите ќе се издаваат за периодот од 15 јули до 30 септември 2026 година.
Јул 14, 2026
Спасителите на Охридското езеро за неполн месец извлекле девет давеници
За неполн месец од почетокот на летната туристичка сезона, спасителите на вода при Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид извлекле девет лица од давење во водите на Охридското Езеро, а интервенирале и во околу 25 случаи за укажување прва помош. Од Центарот апелираат граѓаните и туристите да се капат исклучиво на обележани капалишта, да ги почитуваат препораките на спасителите и да не ги потценуваат ризиците при престој во вода.
Јул 14, 2026
Црковно народен собир во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум по повод празникот Положување на ризата на Пресвета Богородица
За сите верници и посетители кои сакаат да присуствуваат на литургијата, обезбеден е организиран превоз по воден пат.
Јул 14, 2026
Амбасадорот на Кралството Шпанија во посета на Националниот парк Галичица и островот Голем Град
За време на посетата, претставници на Јавната установа Национален парк Галичица ги презентираа природните, културните и историските вредности на островот, како и активностите што се спроведуваат за нивна заштита и зачувување.
Јул 14, 2026
Во тек е летната регионална крводарителска акција
Од Црвен крст Охрид ги повикуваат сите здрави лица кои ги исполнуваат условите за дарување крв да се приклучат на оваа хумана иницијатива и со својот хуман гест да помогнат во спасување човечки животи
Јул 14, 2026
Привршува реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга
Објектот е изграден во 1934 година и има значајна историска и архитектонска вредност, како сведоштво за урбаниот развој на Струга.
Јул 14, 2026
Свети Бесребреници Козма и Дамјан Римски
Во црковниот календар, светите Козма и Дамјан, односно светите исцелители се празнуваат двапати годишно – на 14 јули кога почина Козма и на 14 ноември, кога почина Дамјан.
Јул 14, 2026
Сончево со температура до 30 степени
Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.







