Skip to main content

Апр 19, 2022
Пандемија
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на ковид 19.

Апр 19, 2022
Градска библиотека охрид
Во пресрет на 23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од утре 20-ти април од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.

Апр 19, 2022
Интервентен фонд
Земјоделските стопанства од денеска ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на Интервентниот фонд, соопшти Платежната агенција.

Апр 19, 2022
Ковид мерки
Туристичките агенции бараат укинување на рестриктивните мерки при влез во државата. Сметаат дека во пресрет на Велигденските, Првомајските и Рамазанските празници потребно е олеснување на протоколите на граничните премини. Целта е туристичко раздвижување и поголеми приходи во туристичкиот сектор, еден од најпогодените во изминативе две години во пандемијата.

Апр 19, 2022
Димитар Влахов
Од СВР Охрид информираат дека 47-годишен маж е нападнат и каснат од куче скитник на улицата „Димитар Влахов“.

Апр 19, 2022
Санкции еу
Грција заплени руски танкер за превоз на сурова нафта, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство. Пловилото „Пегаз“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот е запленетo во близина на островот Евија.

Апр 19, 2022
Сонк
Денес продолжува штрајкот во училиштата и градинките кој е организиран од СОНК. Вчера владата побара предлогот за 10-процентно зголемување на платите, СОНК да го прифати.

Апр 19, 2022
Свр охрид
Кривична пријава против 38-годишен охриѓанец поради „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем“.