Skip to main content

Мар 31, 2022
АК Градиште
Пештанци обвинуваат во АК Градиште се гради и нема одстранување на нелегалните објекти. Продолжува да се гради и покрај препораките на Унеско и спорот со имотно-правни односи. Повикуваат Градоначалникот и Премиерот да се заложат кај институциите да се почитуваат законите.

Мар 31, 2022
Украина
Хотелиерите во охридско- струшкиот регион нудат 10.000 легла за бегалци од Украина. ХОТАМ до владата достави листа на достапни објекти. Иако поради инфлацијата пораснаа цените и во хотелско-угостителскиот сектор, од ХОТАМ велат цените за украинските бегалци ќе бидат далеку пониски во однос на оние во европските земји.

Мар 31, 2022
Мировни преговори
Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина изјави Мевлут Чавушоглу, шефот на турската дипломатија.

Мар 31, 2022
Реципрочна мерка
Кина објави дека ги ограничува визите за американските службеници како одговор на американските визни ограничувања.

Мар 31, 2022
Извештај на Гугл
Во најновиот извештај на групата „Трет анализис” (Threat Analysis) на Гугл (Google) се наведува дека руските хакери неодамна се обиделе да ја пробијат мрежата на НАТО и на армијата во некои источноевропски земји.

Мар 31, 2022
Анкети во Србија
Анкетите спроведени на крајот на изборната кампања покажуваат дека Вучиќ, доколку излезат повеќе од половина од вкупно 6,5 милиони регистрирани гласачи, би освоил втор последователен претседателски мандат во првиот круг со околу 60 отсто од гласовите.

Мар 31, 2022
Управа за хидрометеоролошки работи
Зголемен водостојот на Охридското езеро за еден сантиметар. За осум сантиметри е понизок од просечниот за март, според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Мар 31, 2022
Општина Дебрца
Завршена реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во село Брежани Општина дебрца во планинарски дом.