Skip to main content

Мар 29, 2022
Хуманитарни цели
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот за хуманитарни цели во Украина и за да се овозможи напредок во политичките преговори насочени кон постигнување мировен договор.

Мар 29, 2022
Мировни преговори
Руските и украинските преговарачи ги одржаа првите директни разговори за ситуацијата во Украина по повеќе од две недели во Истанбул, со ненадејно присуство на рускиот милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради интервенцијата на Москва во Украина.

Мар 29, 2022
Архивистика
Државниот архив во сите одделенија низ државава ги отвори вратите за граѓаните, да ги видат новите изданија од областа на историјата.

Мар 29, 2022
Општа болница Охрид
Седум месеци охридската болница работи со блокирана сметка. Директорот вели доколку државата не интервенира ќе се намали квалитетот на здравствените услуги.

Мар 29, 2022
Образование
Двесте лица во земјава се стекнале со титулата доктор на науки на Универзитетските центри во земјава. Жените биле поамбициозни во понатамошното едуцирање.

Мар 29, 2022
Мини маркет
По налог на Општина Охрид екипи на јавните претпријатија започнаа со санација на плоштадот кај „Мини маркет“ кој подолг временски период беше неуреден и запуштен.

Мар 29, 2022
охридски комуналец
На 30.03.2022 година (среда), ЈП „Охридски Комуналец“ организира акција за подигнување на кабаст отпад во Пештани. Од Јавното претпријатие апелираат до жителите на ова село, кабастиот отпад да го депонираат најдоцна до 8 часот во среда.

Мар 29, 2022
партерно уредување
Се уредуваат краците на улицата „Климентов Универзитет“ во стариот дел на Охрид. Уништените коцки се заменуваат со нови, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бокоп“.