Skip to main content

Авг 29, 2025
Во периодот кој што следи до април 2026 година министерството ќе работи на воспоставување на телото составено од експерти кои на барање на општините би биле на располагање за помош во испорака на секоја услуга кон граѓаните во надлежност на општината, но и низа подготвителни активности како прирачници и насоки за градоначалниците и административните работници.

Авг 29, 2025
Во рамки на социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival вечерва се превидени неколку настани.

Авг 29, 2025
Мирно лето на Охридското Езеро. До денес ниту еден инцидент во езерската пловидба. Инспекциските служби и езерската полиција постојано на терен, казнети 75 сопственици на глисери,  чамци, кои не ги почитувале пловидбените правила.

Авг 28, 2025
Стабилна е безбедносната состојба во Охрид според Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот за првите шест месеци од годинава поднесен од Командирот на СВР до градскиот Совет. Од опозицијата посочија дека за вистински безбеден град е потребна поголема видливост на полициските службеници на терен, достапност на јавните површини, проодност со оглед дека сообраќајната култура е на ниско ниво. Од Секторот за внатрешни работи посочија дека се дава максимумот да се одржи поволна безбедносна состојба и покрај фактот што се соочуваат со премал број на полициски службеници

Авг 28, 2025
Со црковно народен собир и празнична литургија денес стружани повторно  ја реафирмираа идејата за возобвновување на црквата кај женска плажа. Иницијативата е стара речиси две децении, но нема одобрение за градба од локалната власт,

Авг 28, 2025
Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците празникот во многу места се прославува со црковно народни собири.

Авг 27, 2025
Според податоците на Државниот завод за статистика природниот прираст на населенито во Охрид, во второто тримесечје од годинава, е негативен и изнесува -67.

Авг 27, 2025
Општина Охрид доби средства на првиот владин повик за инфраструктурни проекти за уредување на патеки низ градските гробишта. Реализацијата на проектот не е отпочната, а причината за тоа , според советникот од ВМРО НП , Ванчо Костоски е направен пропуст. Од локалната со објаснување дека она што не можело да се покрие со средствата добиени од унгарскиот кредит ќе се сработи со средства од општинскиот буџет, а ќе се вложи и во неопходна урбана опрема која 30 години ја нема во склоп на гробиштата.