Северна Кореја истрела неидентификувана ракета
Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во правец на исток, соопшти јужнокорејската армија.
Тепачка пред угостителски објект во комплексот „Парк“
На 19.12.2021 година во 01:15 часот пред угостителски објект лоциран во комплексот „Парк” во Охрид, А.Ј. (36) од Охрид со уште неколку други лица, физички го нападнале М.Ј. (25) и неговата сопруга А.Ј. (25), двајцата од Охрид.
Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина
Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив.
СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ СО ГЛАВА КРШАТ БЕТОНСКИ БЛОКОВИ
Севернокорејските државни медиуми објавиле видео на кое се прикажани тамошните војници како со глава и со раце кршат бетонски блокови, виткаат челични шипки.
Владата ќе спречува злоупотреба на службените возила преку нов систем за следење
Владата на денешната седница донела одлука со која ќе го дефинира и регулира користењето на службените возила за да се спречи нивна злоупотреба, информираа од кабинетот на вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски, по чија иницијатива била донесена одлуката.
Струга бара одлагање на почетокот на учебната година
Кризниот штаб на Општина Струга смета дека епидемиолошката состојба во градот не дозволува настава со физичко присуство. Предлагаат учебната година да започне на 20-ти септември.
Ковачевски: Минимална плата 18.000 денари
Минималната плата што ќе започне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во нашата земја ќе биде во висина од најмалку 18.000 денари.
Возило се запалило во движење во струшкото село Селци
На 12.01.2022 во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Селци настанал пожар во патничко возило во движење „Лада”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(44) од селото Нерези.