Откажаните летови на Саутвест Ерлајнс не се поради протест против вакцинација на пилотите
Тврдењето дека откажаните летови викендов од страна на авиокомпанијата „Саутвест Ерлајнс“, се поврзани со вакцинацијата на персоналот е невистинито. Станува збор за комбинација од фактори кои довеле до откажувањето, меѓу кои временските непогоди и недостигот на персонал.
Запленето „Ламборџини“ од 270.000 евра поради брзо возење
Полицијата во Данска заплени луксузен спортски автомобил „Ламборџини хуракан“, поради брзо возење, само неколку часа откако неговиот сопственик го купил возилото.
Летот Санкт Петербург-Скопје стартува од 21-ви септември
Руската авиокомпанија Нордвинд Ерлајнс од 21 септември стартува нова авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Компанијата соопшти дека летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.
Протест во Враништа
Враништани викендов на масовни протести. Бараат водоводна и канализациона мрежа. Велат со децении градат септички јами кои се излеваат низ селото и се потенцијална опасност за здравјето на луѓето.
9 прекршувања на Законот за пушење во два угостителски објекти во Охрид
На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење.
Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски
Микробиологот Пановски изразува сомнеж дека омикрон можеби е влезен во Македонија, а потврда за такво нешто немаше. Оттука, насловот на текстот линкуван во постот е погрешно формулиран, а на самата објава на Фејсбук ѝ недостига контекст, односно објаснување дека станува збор за претпоставка, а не за официјална потврда. Сојот омикрон на коронавирусот во земјава пристигна дури четири дена подоцна.
36-годишен охриѓанец физички нападнал сограѓанин во локал на улицата „15 Корпус“
На 17.12.2021 година во 17.55 часот во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.Ѓ.(36) врз Ј.С.(47), двајцата од Охрид.
Вакцините не се „генетски боцки“ ниту шират ковид
Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани.