Тепачка на улицата „Св. Климент Охридски“
На 18.12.2021 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е Љ.С. (46) затоа што во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Н.К. (28) и С.П. (43), сите од Охрид.
Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња
Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус.
Во Црна Гора се укинува дигиталната ковид потврда
Владата на Црна Гора одлучи мерките во борбата против корона вирусот да бидат прилагодени на ситуацијата на терен. Затоа, од сабота, 9 октомври, Националниот сертификат за дигитален COVID ќе биде отповикан, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, на денешната прес -конференција на која беше анализирана актуелната епидемиолошка состојба во земјата.
22-годишно момче ќе добие бубрег од починат донор
На Клиниката за урологија утрово во осум часот по раководство на доктор Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлантацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство.
Професорот Марјан Радески добитник на признанието Просветен работник
Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска.
Санкционирани 39 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид
Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 39 возачи.
Лекари од скопската Клиника на позајмица за Детското одделение во Општата болница Охрид
Недостигот на лекарски кадар на Одделението за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје.
Во составот на Кока Кола нема абортирани фетуси
ХЕК 293 клетките се користат широко во фармацевтските истражувања, помагајќи им на научниците да креираат вакцини, како и лекови за ревматоиден артритис. Важно е да се забележи дека ниту еден дел од клетките од бубрезите на абортираниот фетус, не се дел од засладувачите на Сеномикс, ниту пак се дел од завршните продукти, во случајот Кока Кола! Ниту Кока Кола, ниту било која компанија за храна и пијалоци во САД не користи производи за конзумација направени со користење на ткиво од неродени абортирани бебиња. Она за кое што станува збор овде е единечна клеточна линија изведена од еден, здрав, абортиран фетус пред 40 години.