Фајзер ќе вакцинира цел град во Бразил против Ковид-19
Фајзер ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата.
Паѓаат бројките на заразени со ковид-19
Има тренд на опаѓање на бројките на новозаразени со коронавирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи очекување дека ќе продолжи да спласнува овој бран на епидемијата.
ЛИДИЈА ДИМКОВСКА Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“
Познатата македонска поетеса Лидија Димковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Димковска е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Гранична состојба“ во издание на ИЛИ- ИЛИ.
ТАВ АЕРОДРОМИ ЈА ПОТПИША „ДЕКЛАРАЦИЈАТА ОД ТУЛУЗ”
ТАВ Аеродроми, денес, на 4-ти февруари 2022 година, ја потпиша Декларацијата од Тулуз, приклучувајќи се на глобалната воздухопловна иницијатива кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид во животната средина, предводена од 200 европски аеродроми и вкупно 400 аеродроми на светско ниво, коишто се веќе сертифицирани согласно Програмата за акредитација на аеродроми за управување со јаглерод.
Нема да има нови рестриктивни мерки за Новогодишните празници
Нема да се воведуваат нови рестриктивни мерки за Новогодишните празници. Според Филипче епидемиолошката состојба во земјава е стабилна. Сите рестриктивни мерки кои се на сила остануваат и понатаму, рече министерот Филипче по денешната посета на Охрид.
Не е точно дека на стапчето со кое се зема брис за ПЦР тест има графен оксид
Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета.
Најмалку 20 загинати во земјотрес во Пакистан
Најмалку 20 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што изутринава го погоди југозападен Пакистан, изјави Насир Насар, шеф на провинциската управа за управување со катастрофи во Балучистан, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Почнува изградбата на 400-киловолтниот далновод Битола – Елбасан
Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.