Окт 9, 2026
Охридската гимназија меѓу 10-те најуспешни училишта на обука за вештачка интелигенција
Од гимназијата посочуваат дека овие признанија се потврда за посветеноста на наставниот кадар кон професионалното усовршување и примената на современите технологии во наставата, со цел учениците да стекнат знаења и вештини за креативно, критичко и одговорно користење на вештачката интелигенција.
Окт 9, 2026
Од понеделник започнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид
Од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ ќе биде активиран и на подрачјето на СВР Охрид. По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите ќе овозможат континуирана контрола на сообраќајот, откривање прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата.
Окт 9, 2026
Јанев од Охрид: Нашите граници се национални, но безбедносните предизвици се регионални, потребна е посилна оперативна соработка
Охрид беше домаќин на регионална безбедносна платформа на која полициски директори и претставници на повеќе земји разговараа за заедничко справување со илегалната миграција, организираниот криминал и прекуграничните криминални мрежи. Во фокусот на средбата беше унапредувањето на размената на информации, навременото препознавање на ризиците и координираните оперативни активности.
Окт 9, 2026
Младински Центар Охрид организира Youth Circle за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје
Настанот е отворен за сите заинтересирани, а претходните искуства или познавања од темата не се потребни. Доволни се желба за разговор, слушање и споделување.
Окт 9, 2026
Во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид најкратко се чека за операција на колк
Пациентите кои чекаат за операција на колк во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид чекаат од три до шест месеци, а во зависност од изборот на хирургот, периодот може да достигне и до девет месеци. Од болницата велат дека имаат доволно потребни материјали, додека итните интервенции при трауматски повреди се вршат веднаш.
Окт 9, 2026
Булингот меѓу младите сè почесто добива и дигитална димензија
Врсничкото насилство сè почесто добива и дигитална димензија. Последниот случај во Кочани, повторно го отвори прашањето за навремената превенција и реакција. Експертите велат во борбата против булингот мора да бидат вклучени сите – институциите, училиштата и родителите.
Окт 9, 2026
Во август во Охрид издадени 10 одобренија за градење, во Струга 23
Во Вевчани и Дебрца не е издадено ниту едно одобрение.
Окт 9, 2026
православен календар
Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
Претставување на апостолот и евангелист Јован Богослов







