Skip to main content

Мар 31, 2023
Граѓански сектор
Слаб интерес кај охриѓани за јавната дебата на тема „Катна гаража нова можност за Охрид“, имплементирана од НВО„Инклузија“.

Мар 31, 2023
Култура
Дигитализацијата на архивскиот материјал од државите сукцесори од поранешна СФРЈ, тема на денешниот состанок на директорите на архивите.

Мар 31, 2023
Охрид и дебрца
Здружението на пензионери ги демантира обвинувањата изнесени од група незадоволни членови. Претседателот Горѓија Трпчески за ТВМ вели, обвинувањата доаѓаат од група членови кои имаат лични и бизнис интереси. Поедини пензионери шират лаги, со кои го нарушуваат угледот на Здружението на пензионери. На изборите немаше никакви нерегуларности, а за тоа постојат записници со потпис на записничар и оверувачи.

Мар 31, 2023
Здружение за мултикултурна интеграција
Јавната дебата е во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на изборни системи (ИФЕС).

Детска трка во Струга
Мар 31, 2023
Здружение мостови на струга
Оваа година еден ден пред „Трка на поезијата“, на 20 мај дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани, кои ги памети и создава нашата убава Струга, велат организаторите.

Мар 31, 2023
Македонско научно здружение за аутизам
Кампањата за 2023 година, која се спроведува заедно со членовите на Аутизам Европа е можност да се размислува за напредокот постигнат досега за заедницата со аутизам и за работата што останува за подобрување на животот на аутистичните лица и нивните семејства.

Мар 30, 2023
Јавен повик
Објавен Јавен повик за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на Општина Охрид за 2023 година.

Мар 30, 2023
Јп водовод охрид
Од ЈП „Водовод“ информираат дека денес од 14 часот, ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Христо Узунов.