Градоначалникот Кирил Пецаков и амбасадорот Дејвид Гир во посета на поранешна касарна
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска ги посетија просториите во објект во поранешната касарна каде што ќе биде отворен центар за паметни иновации со поддршка од ЕУ. Амбасадорот беше запознаен и со останатите содржини кои се предвидени на просторот на касарната, а кои ќе се реализираат во рамки на проектот „OHRID GO“, за зелен, паметен и иновативен град, кој е финансиран преку програмата ЕУ за општините со околу 700 илјади евра.
Бил Гејтс зборува за емисија на јаглерод диоксид, а не за ковид вакцини
Во постот наменски е прикажано манипулативно видео извадено од контекст. Темата на којашто говори Бил Гејтс во 2010 година во „Тед Разговорите“ воопшто не е поврзана ниту со ковид, ниту со депопулација на населението преку вакцинација. Говорот на Гејтс е фокусиран на потребата да се елиминира емисијата на јаглерод диоксид со нови пристапи на енергетска продукција за да се избориме со климатските промени. Впрочем и самото видео коешто е претставено во постот датира десет години пред појавата на пандемијата на коронавирусот и вакцините.
Фумио Кашида е нов премиер на Јапонија
Јапонскиот парламент го изгласа 64-годишниот Фумио Кашида за нов премиер на земјата. Тој минатата недела го замени Јошихиде Суга како лидер на владејачката Либерално-демократската партија, која заедно со коалициските партнери има мнозинство во двата дома во јапонскиот парламент.
Починаа 27 лица, нови 1 082 случаи на ковид во Македонија
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.982 тестирања, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19.
Во сообраќајка кај Радожда повредени двајца полјаци
На 30-ти јули 2021 година, во 14:00 часот, во СВР Охрид, добиено е известување за повредени лица на некатегоризиран шумски пат, во атарот на струшкото село Радожда.
Казнети 7 возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол
На 05/06.02.2022 година, од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид, при извршени акциски сообраќајни контроли, полициските службеници контролирале 211 патнички моторни возила (Охрид-80, Струга-74, Кичево-25, Дебар-32) и затекнале 12 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01).
ТРАНСПАРЕНТНА РАСПРЕДЕЛБА НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР
Правилна распределба на буџетските средства, особено од општинскиот буџет, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации беше тема на разговор на работната средба на која присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, Билјана Георгиеска од УНДП и претставници од надлежните служби на Општина Охрид.
Не е точно дека на секои 100 години има пандемија како план за депопулација
Големата чума во Франција не е пандемија, другите примери на пандемија наведени во постот не се случиле точно во годините што се посочуваат, туку порано или подоцна 3 години. Исто така, во меѓупериодот од 1720 до денеска имало голем број други пандемии, кои не се споменати во оваа објава на Фејсбук. Постот селективно прикажува само некои податоци со цел да се претстави наводна теорија на заговор за депопулација на населението.