ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на земјоделски и млечни производи
ЈП „Градски пазар“ Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.
Никој не може да добие ковид од вакцината – во неа нема жив и активен дел од вирусот
Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни, начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација во земјата.
Сеуште трае кризата за гориво во Британија
Персонал на британската армија ќе почне да доставува гориво до бензинските пумпи ширум земјата од понеделник, соопшти британската влада.
Административците ќе бидат вклучени во пописот
Ако нема доволно реонски попишувачи, за пописот ќе бидат ангажирани и административци вработени со договор на дело – со оваа владина одлука државните институции ќе имаат обврска да понудат кадар на Државниот завод за статистика во септември за време на пописот.
ОВР Струга ја активира велосипедската полициска патрола
ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активира велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење.
Осветлени бистите на Григор Прличев во Охрид
Благодарение на ЛК „Лихнидос“ осветлени се обележјата на Григор Прличев во Охрид, бистата пред градската библиотека, во центарот на градот и основното училиште кое го носи неговото име, како и родната куќа и неговото вечно почивалиште.
Велосипедска патека на улицата 7-ми ноември предлага „Чист Охрид“
„Чист Охрид“ предлага велосипедска патека на улицата „7ми Ноември“.