Тешко повреден велосипедист на улицата „7 ноември“ во Охрид
На 15.12.2021 во 10.50 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеди управувани од Р.М.(49) и В.К.(66), двајцата од Охрид.
Зголемениот број на заразени и починати не е резултат од вакцинирањето
Со гледање на пошироката слика и земајќи го предвид контекстот на презентираните бројки, никако не може да се изведе заклучок дека вакцините се виновни за бројот на заболени или починати. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува развивање на тешка клиничка слика, хоспитализации и смртен исход. Оттука, не само што вакцината не е виновна за зголемениот број на починати, туку таа спасува животи.
Еден од најактивните вулкани на светот повторно еруптира
Вулканот Килауа, еден од најактивните на светот, повторно исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти.
ИНТЕГРА со решение за превирањата околу датумот за локални избори
Струшките плажи во ек на сезоната само со неколку спасители
Струшките закупци на плажите во ек на сезона немаат безбедни капалишта. Иако законот им налага, не ангажираат спасители и не ги обележаа капалиштата. Спасителите се од клучно значење за безбедноста на посетителите на плажите, во текот на сезоната се случуваат по стотици интервенции.
Од недела во Охрид ракометна пролетна полусезона
Ракометна пролетна полусезона од недела во Охрид. На градскиот ракометен клуб за пласман во плејофот му се потребни 5 победи, а прв противник е Бутел. Скопската екипа е традиционално најнезгодниот противник за „Гладијаторите“, па затоа повеќе од потребна е поддршката од трибините.
Со соработка меѓу болниците во охридско-струшкиот регион се надополнува недостигот на кадар
Со ротации и соработка помеѓу болниците во охридско-струшкиот регион се надополнува недостигот на кадар. Во болниците недостигаат специјализанти, а за надминување на овој проблем потребно е спојување и регионализација на петте болници во еден клинички центар.
Нема докази дека во Белгија сè повеќе млади „паѓаат“ од вакцините
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив.