Мар 25, 2023
УНЕСКО статусот повторно виси на конец
Справувањето со дивоградбите ќе биде долг, тежок, болен и скап процес, а не е ниту започнат. Мерки и активности има, и тоа итни, но само на хартија. Недостига волја за нивно суштинско спроведување, велат еколошки организации. Справувањето со неконтролираната урбанизација и отстранување на дивоградбите во заштитеното подрачје се едни од клучните препораки за задржување на УНЕСКО статусот на Охридскиот регион. За невладините регионот де факто е светско наследство во опасност. Останува тоа да го официјализира Комитетот за светско наследство на својата следна 45 седница во септември, со што конечно ќе се согласи со сопствените експерти и советодавни тела, кои со години гледаат мал или никаков напредок во исполнување на итните препораки.
Мар 25, 2023
Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години
Приведени три лица од струшко за злоставување малолетничка
Приведени се двајца возрасни мажи и 17-годишно лице поради злоставување на девојче помало од 14 години, информираат од СВР Охрид.
Мар 25, 2023
Светилките ќе се згаснат во траење од еден час
Денеска ќе биде одбележан Часот на планетата земја
Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.
Мар 25, 2023
Музеј на белчишко блато
Работилница за донесување одлуки со примена на екосистемски услуги
Ова е првата работилница, а преостануваат уште четири, од кои дел ќе бидат со теренски посети на Белчишкото Блато.
Мар 25, 2023
Наставна програма по општество и граѓанско образование
Основци во посета на Општина Охрид
Ученичките посети во Општина Охрид се дел од наставната програма по предметите Општество и Граѓанско образование.
Мар 24, 2023
Автор димитар пандев
Промовирана книгата Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика
Во големата сала во Општина Охрид денеска беше промовирана книгата „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика“ од авторот Димитар Пандев.
Мар 24, 2023
МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност
Утре на градскиот плоштад заедничка кампања на МВР и МПС
Целта е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните.
Мар 24, 2023
Агенција за промоција и поддршка на туризмот
Продолжува субвенционирањето на организиран странски туристички промет
Јаневски најави дека 99 проценти од исплаќањето на субвенциите се реализирани во 2022 година и дека во 2023 се исплатени околу 18 милиони денари, се очекува оваа динамика да продолжи во текот на целата година.