Skip to main content

Сеп 21, 2021

Вулканот на Ла Палма, остров на северозападниот архипелаг, еруптираше во неделата, исфрлајќи лава неколку стотици метри во воздух и испраќајќи ја кон Атлантскиот Океан.


Авг 19, 2021

Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари.


Јун 11, 2021
Уште едно ветување на Општина Струга е во тек на реализација.

Фев 3, 2022

Во тек се февруарски уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.


Дек 14, 2021

Градскиот ракометен клуб Охрид утре пред нов предизвик. Во спортската сала Билјанини извори доаѓа екипата на Радовиш која никогаш нема победено во Охрид. Оваа традиција треба да продолжи само доколку не се потцени противникот, изјавуваат ракометарите.


Сеп 28, 2021

Врховниот суд на САД никогаш не одлучил за укинување на задолжителната вакцинација. На веб страницата на највисоката северноамериканска судска институција која ги објавува сите казни, нема одлука за поништување на задолжителната вакцинација. Тврдењето изнесено во текстот дека судската пресуда ја принудила американската Влада да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), исто така, не е точно. Роберт Ф. Кенеди Jуниор е познат по своите изјави против вакцини, но без научна поддршка. Проверувачите на факти од повеќе светски сервиси, како сервосот на агенцијата „АФП“ и „Верификат“, постојано ги негираат неговите изјави.


Сеп 20, 2021

Најмалку осум луѓе се убиени, а неколкумина повредени кога вооружен напаѓач отворил оган во Универзитетот во градот Урал во Перм, на околу 1.400 километри источно од Москва, по што бил ликвидиран. 


Авг 19, 2021

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.