Skip to main content

Авг 18, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека и денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Тој рече дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани.


Јун 11, 2021

МВР информира дека на 10-ти јуни кај две лица од Струга пронајден е кокаин. Двете лица се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


Фев 3, 2022

Градоначалникот на Општина Охрид објави Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.


Дек 14, 2021

21-годишен охриѓанец како касиер во спортска обложувалница противправно присвоил пари од прометот и дел од нив искористил да на VLT апарати, а дел ги давал на играчите кои во моментот биле присутни во обложувалницата. А во кругот на Општата болница во Охрид, 39-годишен маж бил каснат од куче скитник. Погледнете го најновиот СВР Билтен.


Сеп 28, 2021

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“. Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница.


Сеп 18, 2021

Франција објави дека итно ги отповикува своите амбасадори од Соединетите Американски Држави и Австралија откако официјална Канбера склучи договор за набавка на нуклеарни подморници со САД и Британија со што заврши договорот со Франција за набавка на конвенционални подморници. Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан вчера рече дека нивниот потег е оправдан земајќи ја предвид „сериозноста на соопштението“ испратено од САД и Австралија на 16 септември.


Авг 17, 2021

Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но беше продолжен до 12 август и потоа уште еднаш до 17 август.


Јун 9, 2021

Христина Митреска, матурантка првенец на генерација и деветооделенецот Енес Аго  за ТВМ зборуваат за своето искуство во ова училиште и успесите на многу државни и меѓународни натпревари.