Skip to main content

Авг 14, 2025
Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, со цел во времетраењето уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

Авг 13, 2025
Охрид од 16 до 30 август ќе биде центар на водените спортови, забавата и еколошка едукација во рамки на третото издание на Ohrid water festival. Охридскиот фестивал на водени спортови и годинава ќе понуди богата програма со возбудливи спортски настани, славење и промоција на убавините на Охридското езеро и забава во која ќе уживаат охриѓани и гостите од сите генерации.

Авг 13, 2025
Стружанецот Васко Јолески пет години живее со механичка пумпа на срце и чека трансплантација. Во земјава досега не е извршена ниту една трансплантација кај пациенти со циркулаторна потпора, но повеќе од една година не е извршени трансплантација на срце воопшто. Пациентите бараат надлежните да се заложат и да дадат жанса за живот на 30 тината млади лица на листата на чекање.

Авг 13, 2025
Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

Авг 13, 2025
Паневропската комисија за клима и здравје предупредува дека екстремните горештини и топлотни бранови не се само климатска закана туку здравствена криза.

Авг 12, 2025
Минимални приноси, високи цени,  намалена продажба на природен мед. Пчеларите од охридско велат опстојуваат на работ на рентабилност, потребна е поголема поддршка.

Авг 12, 2025
Високиот гостин од Шпанија го информира градоначалникот Пецаков дека шпанската Влада има обезбедено Грант од милион евра кој што  е предвиден за реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО.

Авг 12, 2025
Јавната  презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 02.09.2025г.  во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 11:30 часот.