ИНТЕГРА ОБЈАВИ ПРОГЛАС ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Во ова тешко време кога притисоците врз нашата земја го достигнуваат врвот и го загрозуваат македонскиот идентитет и суверенитет, ИНТЕГРА – Македонската конзервативна партија објавува ПРОГЛАС до македонскиот народ.
Се уредува просторот кај Слатинско Езеро
Во рамките на проектот: “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ беше имплементиран инфраструктурен проект: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион “, при што на Слатинското Езеро се уредени мини туристички содржини (изградена е пешачка патека од камени плочи, во должина од 160 метри, уреден е паркинг простор, три летниковци, три типски пикник маси).
Приведен 21-годишен охриѓанец кој физички нападнал членови на семејството
На 29.01.2022 година во 21:50 часот, во СВР Охрид е приведен Ф.П. (21) од Охрид, кој претходно, во семејниот дом физички нападнал членови на семејството.
(ОБНОВЕНО) Доделени највисоките признанија, Светиклиментовата награда и повелбите
Доделени највисоките општински признанија за заслужни граѓани Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид. Синоќа на свечена академија Градоначалникот Кирил Пецаков ја врачи Светиклиментовата награда за животно дело на академик Љупчо Коцарев. Годинава беа доделени три повелби, на Гордана Лолеска, Здружението Еко Фап и постхумно на Мишо Јузмески.
Лага е дека вакцинираните се причината поради која вирусот мутира
Два неспорни факти зборуваат спротивно од тврдењето на научникот што се залага за драстично намален обем на вакцинација од она што сега се прави во светот. Првиот е Малоун се пласира како изумител на вакцините што користат нови платформи и технологија, а не е, вториот е бројките од статистичките податоци и студиите не се совпаѓаат со тврдењата на Малоун. Придобивките од вакцините се гледаат од бројот на хоспитализираните и починати меѓу вакцинираните.
Најсилниот ураган патува кон САД
Ураганот Ида, кој се движи од областа на Карипското Море, се приближува кон југоисточниот дел на Соединетите Држави, поради што на жителите на државата Луизијана им беше наредена евакуација.
АМСМ: Поради минирање, во четврток од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, во четврток, на 1. јули 2021 година ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
ОПШТИНА ДЕБРЦА МАКА МАЧИ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ
По уредувањето на дивата депонија во местноста “Царо Поле”, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на река Сатеска, на влезот од село Волино.