Јан 23, 2023
Орално здравје
Maл број деца без кариес
Опаѓа кеп индексот во урбаните средини.. Се намалува и искривувањето на забите кај децата , информираат стоматолозите од примарното здравство.
Јан 23, 2023
Правосуден систем
Бавна еколошка правда за струшката депонија
Речиси две години се одлучува за судската надлежност по тужбата за струшката дива депонија. Тужените, Министерството за животна средина, општина Струга и комуналното претпријатие сметаат дека судот во Струга е ненадлежен и бараат тужбата да се офрли. Тужителите пак сметаат дека се работи за оддолговлекување на постапката што потенцијално може да доведе и до нарушување на правото на судење во разумен рок.
Јан 23, 2023
Старт-ап центар
Официјално отворање на Касарна Хаб со присуство на 17 амбасадори од ЕУ земји
Досега спрoведени се 35 настани со преку 700 посетители, остварени се соработки со над 20 граѓански организации, компании, универзитети и средни и основни училишта.
Јан 23, 2023
Клуб за потрага по исчезнати лица
Со помош на ПСС изградени боксови за кучињата од клубот Куче Спасител
Со тоа добивме подобри услови за чување на кучињата кои во моментов се обучуваат за потрага по исчезнати лица во планински предели, велат од клубот „Куче Спасител“ Охрид.
Јан 23, 2023
Пријави електричен и електронски отпад
Иднината е утре, а може да биде убава и денес
Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и фирмите да користат ЕКО ЛИНИЈА. како БЕСПЛАТЕН И БЕЗБЕДЕН сервис за правилно одложување на овој тип на отпад со цел зголемена заштита на животната средина.
Јан 23, 2023
Македонија е во светот, а светот во македонија
Трета зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ во чест на Ацо Шопов
Повеќе од 40 учесници од 17 земји присуствуваат на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ) која до 28 јануари ќе се одржува виртуелно.
Јан 23, 2023
Неформална активистка за заштита на животни
Девојка искасана од кучиња скитници во Струга
Според информациите девојката ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи ѝ длабоки рани со крварење, а друго ја искасало за рака, при што се здобила со видливи повреди.
Јан 23, 2023
Во близина на клучката за село куратица
Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
Две лица од ресенското село Јанковец се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во близина на клучката за Куратица.